Книга со афоризми од Софе Штерјоски

Издавачката куќа Феникс од Скопје, деновиве, во едицијата Џебна книга ја објави новата книга ЈАВНИ ТАЈНИ со афоризми од Софе Штерјоски.

sofe sterjoski

Ова ново библиофилско издание се публикува по повод 30-годишнината од смртта на прерано починатиот афористичар, хуморист и сатиричар Софе Штерјоски.

Во книгата покрај избраните афоризми од Софе Штерјоски, објавен е и текст од Бошко Смаќоски за Софе Штерјоски.

Новата книга од Софе Штерјоски ќе биде промовирана на 1 Април, во 19 часот, во Културниот центар ФЕНИКС кај Универзална сала, а цитателите це мозе да ја набават со пропормотивна цена.

Во чест на Софе Штерјоски, на Вечерта на македонската сатира, ќе настапат и повеќе македонски автори – афористичари, хумористи и сатиричари, медју кои и: Васил Толевски, Марјан Ангелевски, Георги Хадзи Васков, Димитар И. Вилазорски, Александар Русјаков, Христо Петрески и други.

You May Also Like