Денеска (вторник, 11 јуни) со почеток во 20:30 часот во кафе-книжарницата Магор ќе се одржи промоцијата на книгата „Размена на пораки“ од Тања Урошевиќ и Влада Урошевиќ.
Промоцијата е замислена како јавен разговор со двајцата писатели. Разговорот ќе го води Владимир Јанковски.
