Книга за Тито од Стојан Андов

Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат книгата „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“ од познатиот политичар, писател и публицист Стојан Андoв.

stojan_andov_tito_koricaНа над четиристотини страници авторот разгледува и разјаснува бројни политички прашања и судбински настани сврзани со подемот и падот на поранешната југословенска федерација.
– Драмата и трагедијата на југословенските народи при распаѓањето на СФРЈ на разни начини и во разни области на животот на граѓаните беа и се чест предмет на мисловна преокуоација и обработка. Многу уметнички творби во книжевноста, драматургијата, кинематографијата и публицистиката, за своја основа ги имаат тие драматични настани. На тие настани посветени се бројни уметнички, публицистички и научни дела на автори од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора.

Книгата „Јосио Броз Тито и распаѓањето на Југославијa е прв посеоофатен публицистички труд од македонски автор, кој повеќе децении професионално бил ангажиран во министерствата и диоломатските претставништва и бил непосреден сведок во политичките збиднувања на југословенската федерација.

Стојан Андов по неговото пензионирање и повлекување од политичкиот живот, активно се посвети на пишуваое литературни и публицистички дела. Во изминативе години ги објави делата: На мој начин, Источни оатуваоа, од мој агол, Стравот и љубовта, Кицо Американецот и Враќаоето на Американецот.

You May Also Like