Денеска (29 мај, четврток) во 19:30 часот во Галеријата на Тутунска банка (улица Водњанска 1000 Скопје) ќе се одржи Добротворна продажна изложба на дела од еминентни македонски уметници.
Добротворната изложба која е во организација на Добредојде“ Macedonia Welcome Center (DMWC) во соработка со Галеријата „Грал“ ќе ја отворат Душанка Дивјак Томиќ – Амбасадорот на Република Србија во Македонија и Коце Трајановски – градоначалник на Скопје.
Собраните средства ќе бидат наменети за посебното основно училиште „Златан Сремац“- Скопје.