Code@FEIT – бесплатен курс за програмирање

Курсот ќе се одвива во просториите на Факултетот за електротехника и инфоррмациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, секој работен ден од 10 до 13 часот почнувајќи од 13-ти август 2012 до 22-ри август 2012 година.

 

Code@FEIT е летен курс наменет првенствено за идни студенти на Факултетотза електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) без претходнопрограмерско искуство, но и за сегашни студенти на ФЕИТ кои сметаат дека би имале корист од посетување на курсот.

Во осум работни денови со три часа активности, слушателите на курсотќе имаат можност да се запознаат со основите на програмирањето идизајнирањето на алгоритми. Два часа секој ден ќе бидат искористени за предавања, а еден час ќе биде посветен на гостин, од факултетот или одкомпанија од релевантна област, кој ќе сподели свои искуства од својата досегашна работа и кариера.

Целта на Code@FEIT е да покаже нов пристап кон програмирањето и да
ги мотивира младите да учат да програмираат и да креираат софтверски апликации. Курсот ќе биде бесплатен, и покрај за тековните и иднитестуденти на ФЕИТ, ќе биде отворен за други заинтересирани без разликана старост, претходни познавања и професионална определба, секако со одредено ограничување на бројот на слободни места.

 

You May Also Like