На 10 мај (сабота) со почеток во 18:55 часот директно на кино платното во Cineplexx ќе биде прикажана последната опера „Пепелашка“ од сезоната МЕТ 2013/14.
Три ненадминливи виртуози настапуваат во „Пепелашка“ на Росини. Вокалното ремек дело Џојс ди Донато, ја пее својата прва изведба во Мет во улога на Пепелашка. Тенорите Хуан Диего Флорез и Хавиер Камарена, ја делат улогата на нејзиниот Принц од соништата. Алесандро Корбели и Лука Пицарони го дополнуваат ансамблот заедно со првиот диригентот на Мет, Фабио Луизи кој го предводи ова возбудливо и разиграно дело.