Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија ја организираат изложбата на фотографии на Жереми Бишолц „Скопје низ објективот на еден млад француски фотограф“, која ќе биде отворена утре (среда, 16 април 2014) во 20:00 часот, во Чифте амам.
Во текот на еднонеделниот уметнички претсој во септември минатата година, Бишолц направи серија фотографии од главниот град, кои ќе бидат поставени во галеријата до 30-ти април.
Изложбата ќе ја отворат Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција во Македонија и г-ѓа Маја Неделкоска-Брзанова, Директор на Националната галерија на Македонија, во присуство на уметникот.
Овој настан се организира во рамките на одбележувањето на 40-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје.