Приземје ви го претставува нивното ново Live Video за песна “Повеќе не сонувам”, кое е и’ воедно последната најава од нивниот деби-албум насловен “Во рамки на реалност“.
Со ова видео Приземје ве поканува на промоцијата на нивниот деби албум која ќе се одржи на 18 Мај (Сабота) во Stage Café (Скопје Сити Мол) со почеток од 20:00 часот.
Приземје е рап група создадена во 2009-та година а нејзини членови се Мики, Марио и Диџеј Ајри Скреч. Најпрво Мики Миноски и Марио Милески како соло артисти доаѓаат до идеа да ја оформат оваа група на која нешто подоцна и се приклучува и Дарко Андонов (Диџеј Ајри Скреч) и тројцата почнуваат да соработуваат, секој со свој удел во екипата.
Имаат настапувано низ повеќе скопски клубови како што се Хавана, Кастро, Б2, како и низ многу градови во Македонија на пример Тетово, Штип и така натаму… На 1ви Април 2012та година беа предгрупа на легендарниот Keith Murray (Def Squad).