Бојан Ивановски од Србија го отвора „Гитар фест“

На отворањето на фестивалот за класична музика „Гитар фест“ ќе настапи младиот Бојан Ивановски од Србија – добитник на бројни меѓународни награди.

gitara1

Со гости од Србија и Бразил, меѓународниот фестивал за класична гитара П.С. Гитар фест ќе почне денеска (6 ноември, четврток), а ќе заврши во петок. Концертите ќе се одржат во Културно информативниот центар, Салон 19:19 со почеток во 20:00 часот.

На отворањето ќе настапи младиот Бојан Ивановски од Србија којшто досега има освоено повеќе од 20 интернационални награди, а на втората вечер ќе настапи бразилскиот гитарист Даниел Маркез којшто во неговото искуство се вбројуваат бројни соработки со познати бразилски уметници на инструменталната музика со настапи над 40 европски земји.

Влезот за концертите е бесплатен.

You May Also Like