Cinedays – четврти ден

Денес, (недела, 13 ноември 2011 година, на програмата на СИНЕДЕЈС ќе имате можност да проследите:

11:00 часот Работилницата со наслов: “Што се случи со Европската кинематографија?!”

По вчерашната работилница со работен наслов “Забавата и функцијата на филмскиот фестивал” на нашиот пријател, Филип Бергсон, денес, во предвид ќе биде земено прашањето “Постои ли такво нешто како Европски Филм?” Ќе биде истражен порастот и падот на националните филмови на меѓународната сцена и нивниот финансиски успех. Исто така, ќе се разгледа како филмските режисери го одржуваат нивниот културен идентитет во лицето на холивудските хитови, појавата на 3Д технологијата, и ширењето на појавата “правење филмови” на интернет мрежите YouTube & Facebook.

Филип Бергсон, човекот, чие искуство ни е од огромна помош на нашиот фестивал, човекот, кој неколку децении е дел од европската и светската филмска индустрија. Г. Бергсон, пишува за престижните BBC и Hollywood Reporter.

Втор ден по ред, во тек е работилницата MINI EAVE во соработка со Филмскиот фонд на Македонија. EAVE, една од водечките организации за организирање на тренинзи и работилници за продуценти во европа. Гости од MINI EAVE се Kristina Trapp (chief executive Mini EAVE), Rinna Sildos (експерт) и Sarah Calderon (експерт).

ГАЛА ПРОГРАМА во Кино МИЛЕНИУМ

Л’Авр – “Le Havre”  | 103’  реприза
дело на реномираниот фински режисер Аки Каурисмаки, добитник на FIPRESCI наградата на филмскиот фестивал во Кан 2011.
Почеток на репризната проекција  е во 15:00 часот.

Меланхонија – “Melancholia” | 136’ реприза
Филм на контроверзниот режисер Ларс Вон Трир. Добитник за најдобра женска улога (Кирстен Данст) и номинација за  Златна палма на филмскиот фестивал во Кан 2011.
Почеток на репризната проекција 17:30 часот.

„Бели лавови“ | 87’
Нашиот гостин на фестивалот, големиот Лазар Ристовски, лично ќе го претстави своето режисерско и актерско остварување.
Почеток на проекцијата во 20:00 часот.

Имаме папа – “Habmus papam” | ‘102
Филм на популарниот италијански режисер Нани Морети. Добитник на наградата “Златен глобус” во Италија за најдобар филм во 2011.
Почеток на репризната проекција 22:30 часот

Во програмата СИНЕ БАЛКАН на програмата е репризното издание на филмот
Душата на мувите – “Soul of Flies” | ‘78
остварување на британскиот современ режисер Jonathan Cenzual Burley, кој воедно е и ексклузивен гостин на фестивалот.
Филмот се прикажува во Кино ФРОСИНА со почеток од 14 часот.

Во ОФИЦИЈАЛНАТА СЕЛЕКЦИЈА на програмата е филмот

Лурд – “Lourdes” | 105’

Дело на еминентната и наградувана австриска режисерка Џесика Хауснер. Филм наградуван повеќекратно, за најдобра женска улога на Европските филмски награди во 2010, добитник на филмска награда на Виеналето 2009, добитник на наградата “Варшава” на Варшавскиот филмски фестивал во 2009, и добитник на наградите “Брајан”, FIPRESCI, Signis, “Sergio Trassatti” на филмскиот фестивал во Венеција 2009.

Филмот се прикажува во кино Фросина со почеток во 16:30 часот.

Црни полиња – “Black Field” | 106’
Филмско остварување на амбициозниот грчки режисер Вардис Маринакис, кој е воедно и ексклузивен гостин на фестивалот.
Филмот се прикажува во кино Фросина со почеток во 19:00 часот.

Два сончеви дена – “2 Sunny days” | 78’
Филмско остварување на популарниот хрватски режисер Огњен Свиличиќ, член на жири на Синедејс и ексклузивен гостин на фестивалот.
Филмот се прикажува во кино Фросина со почеток во 21:30 часот. ФИЛМОТ, Е ИЗЗЕМЕН ОД ОФИЦИЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА!!!

Во КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА на програмата се филмовите од еминентниот германски режисер Андреас Дрезен.
од 17:30 часот, „Облак 9”

од  20:00 часот, „На половина пат“

Во рамките на музичката програма, се филмовите: “Кузле” и филмот посветен на хрватската панк легенда Satan Panovski.

Веднаш по филмот, имаме концерт на бендот Калап.

Проекцијата на филмовите и концертот се во кафе Браво (порта Буњаковец), почетокот на проекциите е 20:30 и 21:00 часот, соодветно, а концертот започнува во 22:00 часот.

Влезот е бесплатен.

You May Also Like