Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (понеделник, 7.11.2011 година) со почеток во 11:30 часот, во просториите на Министерството за култура (објект „Нова Македонија“, 3 кат) ќе се обрати на прес конференција заедно со архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, кои во соработка со Илија Божиновски се автори на идејното решение за Спомен-куќата на Тоше Проески.
Прес конференцијата е по повод наградата „Peoples choice awаrd“ која овој објект ја доби за најдобро архитектонско дело за 2011 година на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона.