„Фани Мани“ на репертоарот на Театар 007

Култната хит комедија „ФАНИ МАНИ“ во режија на Коле Ангеловски, повторно на македонската театарска сцена, овој пат под капата на независната продукција ТЕАТАР 007.

Љубителите на комедиите на ситуации, под режисерската палка на Коле Ангеловски, ќе може да уживаат на:
– 18 ноември, претпремиера
– 19 ноември, премиера и
– 22 ноември, прва реприза
на претставата „Фани Мани“ како дел од репертоарот на ТЕАТАР 007.

Хуморот и најразличните комични ситуации во оваа претстава, ги споделуваат со публиката доајените на македонското актерско небо: Благоја Чоревски, Владимир Ангеловски, Ванчо Петрушевски, Димче Мешковски, Лазе Манасков, Катерина Коцевска и Марија Кондовска.

Инаку „Фани Мани“ е современа комедија на ситуации, која, покрај универзалното значење, неверојатно одговара на нашево поднебје на економската и социјалната ситуација кај нас.

Претставите се со почеток од 20:00 часот, во Универзална сала – Скопје. Влезници за претставата може да се набават на билетарата на Универзална сала – Скопје.

 

You May Also Like