Современа македонска поезија на шведски јазик

Во двојазично издание, на шведски и на македонски јазик, со заеднички наслов „Тајни ветрови“ („Hemliga vindar”) се појави обемен избор од поетското творештво на македонските писатели  Бранко Цветкоски, Слеве Ѓорѓо Димоски и Братислав Ташковски.

Книгата е реализирана како копродукција меѓу гетеборшкиот инситут ABF и скопската издавачка куќа Макаеј. Селекцијата од поетското творештво на македонските поети и препевот на песните од македонски на шведски јазик ги направи македонскиот поет и публицист Ивица Чликовиќ, а, како што е познато, обемната тројна книга неодамна беше промовирана во Градската библиотека на Гетеборг.

You May Also Like