„Платеници 3“ и понатаму на репертоарот на Милениум

Одличниот успех кој го доживува третиот дел на „Платеници“ во светските кино сали, веќе втора недела го позиционира во главниот термин(20.00 часот) на репертоарот на кино Милениум.

expendables_3_platenici

„Ол-стар“ актерската екипа, предводена од Sylvester Stallone кој се потпишува и како сценарист на филмот, очигледно е мамка за сите оние кои уживаат во ваков вид релативно едноставни филмски остварувања, но и за оние кои имаат поистенчен вкус, па со иронија и потсмев ги проследуваат сите продолженија на „Платеници“.

Покрај „Платениците“ на репертоарот се и комедиите „Снимка на секс“ и „Улица Скок бр. 22“, анимираните „Враќањето во ОЗ“ и „Како да го дресирате вашиот змеј 2“, како и модернизираниот митолошки хит „Херкулес“.

You May Also Like