„Лице в лице“ со ангажираната уметност

На 30 септември (вторник) во 20:00 часот во Галерија 8 во Старата скопска чаршија, уличното списание „Лице в лице“ ја организира 12-та промотивна дружба и одбележување на втората година од своето постоење.

lice_v-Lice_so_angaziranata_umetnost

 

Промоцијата е замислена како разговор за ангажираната уметност и тоа на следниве теми:

– моќта и улогата на уметноста во трансформацијата на општеството,
– важноста на активизмот како граѓанска алатка,
– уметноста како став,
– издигнувањето над популистичкиот театар,
– промените што ги продуцира независната сцена,
– улогата на уметноста во работата со ранливите групи,
– добронамерните акции на маргините…

Промотори на 12. број на „Лице в лице“, во чијшто фокус е ангажираната уметност, ќе бидат актер(к)и од Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, кои деновиве ја подготвуваат новата претстава „Мажот е маж“, по текст на Бертолт Брехт, во режија на Мартин Кочовски. Тие, за публиката на „Лице в лице“, ќе изведат дел од претставата, чијашто премиера се очекува на почетокот на октомври.
Модератор е водителот Огнен Јанески.

You May Also Like