Фотографската изложба „Охрид во 36 слики“ на охриѓанецот Мишо Јузмески пред битолчани ќе биде отворена утре (сабота на 13 Април), во 20:00 часот во Горното фоаје при Центарот за култура – Битола.
Тематска изложба на фотографии од Охрид, односно оние делови од Охрид, моменти и сегменти од секојдневното живеење на градот кои не се клиширани, а се невообичаени, она што не го гледаат и не можат да го доловат туристите кога доаѓаат во Охрид. Авторот ни ја нуди убавината на овој наш бисер преку фотографии кои се сведоштво на малите, незабележливи, но значајни места во Охрид.
Организатор на настанот е Фото Кино Клуб Битола, галерија „Култура 365“ од Охрид и Центар за култура – Битола.