Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (среда, 23.11.2011 година) во 11 :00 часот кај Тиквешко Езеро, Кавадарци, во месноста викана Брушани ќе засади дрвце во рамките на акцијата „Ден на дрвото“.

Заменик-министерот Драган Недељковиќ, во рамките на оваа акција, исто така во 11:00 часот, дрвце ќе засади во Воениот објект “Живкова карпа”, додека државниот секретар во Министерството за култура Музафер Беслими,во месноста викана Големчево кај Виница.