Најдобрите за чиста околина – нов живот за старото шише

Општата цел на проектот е квалитативна промена на свеста на скопските млади, најмлади и нивните блиски преку конкретни креативни ангажмани, подигнување на свеста за екологијата и животната средина и воопшто квалитативно менување на подобро, на генералниот систем на вредности кај младите во главниот град .

 

plastic_bottles

Организиаторите велат: „Во конкретниов проект, општоприфатена и признаена проектна содржина наменета за младите и нивните најблиски во еколошка насока е преку повеќе настани и активности во следниот период е унапредување и развивање на концептот и ставот за чистата околина, собиеањето на стара пластика – шишиња и нивна рециклажа.
Поимот рециклажа на младите во еко иницијативата НАЈДОБРИТЕ за чиста околина – 2014 им дава слобода на младите преку културата и уметноста – дизајн, театар, музика, филм, фотографија, цртежи и слики, мода и танц да ја допрат екологијата и животната средина и поддржат акцијата на ПАКОМАК за еко-свесност и собирање на искористената пластика. На овој начин се иницира првиот чекор кон рециклажата и повторното препородување на веќе употребената пластика.

Еко проектната иницијатива започнува со НАЈДОБРИТЕ за чиста околина – ЕКО ПИКНИК / ЗОО градина Скопје – МАЈ 24 и АРТ & ТЕАТАР за чиста околина / УНИВЕРЗАЛНА САЛА – СКОПЈЕ – МАЈ 26 & 27 – 2014г, а следните месеци истата иницијатива ќе продолжи плански да се организира, развива и презентира пред граѓаните на градот Скопје на различни креативни и оригинални начини“.
Еко-иницијативата НАЈДОБРИТЕ за чиста околина – 2014 ја подготвуваат и реализираат здружението на граѓани Центар за креативен развој – ЦКР, Зоолошката Градина – Скопје, Универзалната Сала од Скопје, директорите, професорите и учениците од скопските средни училишта, Македонија Експорт, и во тесна соработка со ПАКОМАК .

ПРОГРАМА

Кратко воведно обраќање и мини-обука на ЗОО еко-тимот на волонтери-средношколци МАЛИАНИМАЛИ – ЕКО-ПАТРОЛА од страна на организаторите и распределба на задолженија

1. Целодневно полнење на Пакомак контејнерот за пластика со електронски четирицифрен бројач во ЗОО Градината од страна на посетителите – граѓаните на градот / основците, средношколците и студентите / еко – НВО-а заинтересирани за иницијативата, фирми,…се со цел облагородување, оплеменување и збогатување на живеалиштата на мајмуните во ЗОО Градината.

2. Изработка на цртежи / акварели / слики и средношколски фотографии поврзани со екологијата, рециклажата и зачувувањето на животната средина.

4. Забавна и културно уметничка музичка програма на младите основци и средношколци на две сцени – детска сцена (мала сцена / влез во ЗОО) и младинска сцена (голема сцена / Ботаничка градина) сцена, како и целодневен забавен пикник во ЗОО Градината, на 24 мај, 2014година, со почеток во 12 часот.

– детски настапи – хорови и солисти
– средношколски бендови
– солисти
– средношколски танчари
– станд-уп млади комичари
– модна ревија / фото-сесија
– музички настап на популарни млади диџеи

6. Фотосесија на средношколци од средношколци – за реализација на средношколски еко – моден календар

7. Изготвување на фото-документација и видео запис за настанот од страна на средношколските еко активисти (интервјуа со организаторите, посетителите и активистите)

8. Претставување на средношколските и невладини еко иницијативи во Едукативниот Центар на ЗОО Скопје локации низ градината, како и на Главната и помошната сцена.

9. АУДИЦИЈА за средношколски стрит-арт ГРАФИТИ цртачи – сочинување на тим на цртачи, кои следниот месец на следниот ЕКО настан, би започнале со ГРАФИТИ арт-декорирање и УКРАСНО-цртање на НАЈАТРАКТИВНИТЕ ЅИДОВИ И ЅИДНИ ПОВРШИНИ ширум ЗОО градината

10. Ревијално претставување на НАЈДОБРИТЕ средношколски театарски, мини – филмски проекти, цртежи / слики и фотографии во фоајето и на малата сцена во Универзалната Сала – Скопје на 26 и 27 мај, 2014г. со почеток во 21 часот.

11. Награда / нај-пластична плакета за школски тим со најголема собрана и депонирана пластика во ЗОО Градината и Универзалната Сала – количина на пластични шишиња за рециклажа, наменети за облагородување живеалиштата на жителите во скопската ЗОО градина, како и сертификати / благодарници за сите учесници.

You May Also Like