Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (16 октомври 2014 година) ќе престојува во работна посета на Валандово каде во 11 часот ќе ја промовира темелно реконструираната сала во која ќе се одржи 30-тото јубилејно издание на фестивалот на народни песни „Фолк-фест Валандово“.
Канческа –Милевска во Домот на културата ќе се обрати и на промоцијата на монографијата „30 години Фолк-фест Валандово 1985-2014“.