Заврши снимањето на „Три дена во септември“

Удрена е последната клапа на „Три дена во септември“, дебитантскиот игран филм на младиот режисер Даријан Пејовски.

 

TRI DENA VO SEPTEMVRI_1

„Три Дена во Септември“ е замислен како психолошки трилер,  пред сѐ студија на два карактери кои преку меѓусебниот однос ги разоткриваат своите тајни и трауми.

Главните локови, Јана и Марика се запознаваат во воз и за необично кратко време се зближуваат. Одат заедно на село, во изолиран планински крај кој крие случувања од минатото на Јана. Времето минува бавно и тензично, а сомнежот за нивните вистински намери е се посилен. Една по една, тајните се откриваат. Двете жени немаат друг излез освен да си помогнат секоја од нив да ја оствари својата вистинска цел.

Сценариото за филмот го напишаа Даријан Пејовски и Игор Иванов, директор на фотографија е Димо Попов, сценограф е Снежана Поњавиќ-Муча, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, а шминка на Симона Ристевска. Продуцент на филмот е Томи Салковски, а ко-продуцент Валон Бајгора. Улогите ги толкуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Салаетин Билал, Милица Стојанова, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Кријезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи.

Екипата која посветено и неуморно работеше изминативе дваесет денови за да ги исполни очекувањата поставени од режисерот и продукцијата, беше составена од искусни професионалци, како и млади енергични филмаџии од двете земјо ко-продуценти.

„Три дена во септември“ е копродукција помеѓу Скопје Филм Студио од Македонија и Иконе Студио од Косово, а проектот беше поддржан од страна на Агенцијата за филм на РМ и Косовскиот филмски центар. Снимањето го помогнаа повеќе институции од земјава, со што овозможија негово успешно комплетирање, согласно поставените планови.

TRI DENA VO SEPTEMVRI_3r

TRI DENA VO SEPTEMVRI_2

You May Also Like