(БиБиСи-Лондон) Жените учествуваат само со девет проценти како уредници на Википедија. Учените велат дека зголемувањето на нивниот број е клучен за унапредување на онлајн енциклопедијата, и веќе почнаа кампања за да се поправи тоа …
Во Смитсониан Музејот за Американска уметност, високо на ѕидот виси слика на сликарката од ерата на депресијата Натали Смит Хенри, со впечатлив опис на семејна фарма. Но се до неодамна, Хенри не постоеше, барем не според Википедија. Потоа Челзи Туфароло, студентка на Американскиот универзитет, одлучи за неа да напише текст.
Тоа беше првиот текст на Туфароло за најголемиот ресурс на светот за размена на знаења.
Уредниците и активистите се обидуваат да го искоренат она што критичарите го опишуваат како голем информациски јаз на Википедија, со вклучување на повеќе жени да пишуваат. Скоро 91 проценти ид уредниците на Википедија се мажи, според истражувањето направено во 2011 година од Фондацијата Викимедија.
– Википедија има за цел да го собере сето сознание на светот, вели Сара Снајдер, заменик директор на канцеларијата за медиуми и технологии во Музејот за американска уметност – Смитсониан, во Вашингтон.
Но „не е сосема точно да се нарекува сесветско знаење, ако е тоа само половина од знаењето на севкупното население на светот, вели таа.
Википедија хостира 4,4 милиони текстови и постојано е рангирана како една од 10-те најпосетувани веб страни на светот. Сепак, истражувањето од 2011 година на Викимедија, открива скоро униформирана слика за авторите кои стојат зад Википедија – просечниот „википедиец“ е белец, едуциран и комјутерски вешт човек кој живее во САД или Европа.
– Овој диспаритет значи дека доста фокуси се изоставени, вели Едриен Вадевиц, професор на Оксидентал колеџот кој исто учествува во бордот на Фондацијата Вики за образование.
Кога Вадевиц еден ден им ја покажала насловната страна на Википедија на студентите, таа открила дека жените кои се претставени на веб страна се воглавно сексуално преставени или портретирани како жртви на криминал, додека луѓе со друга боја на кожата биле претставени како извршители на криминални дела.
На пример, листата на порно ѕвезди од 50-ите до денес е повеќе од три пати поголема отколку листата на познати домородни Американки. Таму исто има повеќе имиња отколку на листата на жени поети или спортистки заедно.
За да се ограничат неточноста и фриволните содржини, Википедија има „забележливи“ и „проверливи“ стандарди за тоа како се вреднува некој текст – што значи некое лице е забележително ако тој или таа добиле „значајно покривање од веродостоен извор кој е независен од темата“.
Но некои „википедијци“ велат дека ваквите правила им отежнуваат на некои жени да бидат присутни, затоа што историски тие не добиле толкаво внимание или признание како нивните мажи конкуренти, со што се создава прилично плиток базен со достапни референтни материјали.
Неколку минути откако Туфароло го поставила својот текст за Хенри, уредник во Википедија го предложил за „брзо бришење“ затоа што изглегло дека уметничката не била значајна и покрај тоа што нејзините дела се изложени во Смитсониан.
Туфароло собрала повеќе референси и докажала зошто Хенри заслужува своја страна, но вели и дека тоа искуство за неа било вознемирувачко и немотивирачко.
Зголемувањето на бројот на жени авторки е клучно за да се исправи наклонетоста и доаѓањето до ретки информации, посебно за содржини поврзани со жени, вели Ендрју Лих, авторка на „Револуцијата Википедија“.
Лих е ветеран во Википедија и предава Википедија на Американскиот универзитет. Неговите студенти посетуваат музеи на културни институции еднаш неделно и соработуваат со куратори и историчари со цел за да се надградат текстовите. Тој упатува на искуствата, како она на Туфароло која е една од неговите студентки, како голема причина зошто повеќе жени не учествуваат во уредувањето.
– Википедија не е само недобредојдено место за жени уреднички, тоа е непристапно и за повеќето луѓе, вели Лих. „Тоа е старовремска онлајн заедница… со традиција на вербални битки и вербални дебати. Во најдобрите случаи, тоа води до нешта кои информираат и инспирираат. Во најлошите случаи, тоа води луѓето да се чувствуваат навредени и нелагодно“.
Неколку групи работат да се култивира поизедначена атмосфера. Колаборативната Викивомен и тихаус, кое е виртуелна таверна на Википедија, се форуми за поддршка на новите уреднички на Википедија.
Снајдер од Смитосониан вели дека половиот јаз на Википедија ги рефлектира разликите во пошироката култура.
– Кога ќе го погледнете светот во целина, гледате јавни форуми на кои машкиот глас доминира во разговорите и дебатите, вели таа. „Гледаме како на жените им треба поголема поддршка и покани да го искажат своето знаење и експертиза отколку на мажите. Мажите се чувствуваат посигурни во тоа, и без дополнителната поддршка“.
Жените исто така имаат помалку слободно време отколку мажите. Според некои скорешни истражувања, американските жени во споредба со мажите трошат повеќе време во денот на неплатени домашни работи и во грижа околу семејството. За многу жени, одвојувањето време за Википедија можеби не е практичен приоритет.
Некои од Википедија велат дека половите диспаритети во науката, технологијата, инженерството и математика прават кодирањето и јазикот на обележување понекогаш да бидат хендикеп за потецијалните уреднички.
Но полиња на кои доминираат жените исто обезбедуваат природна стартна позиција за Википедија. На пример, 67 проценти од дипломираните новинарки, 81 процент од дипломирамите по библиотекарство и информатички науки, и 86 проценти од дипломираните по музеологија, се жени.
Туфароло студира комуникации и сега вели дека сака повеќе да придонесува во Википедија. Таа е горда на нејзината страна за Хенри.
– Недостасуваат толку многу информации. Мило ми е што сум дел од група на луѓе која помага да се пополнат празнините, вели таа.