Податоците на интернет остануваат достапни и по нашата смрт

Денешните луѓе, кои во огромен број се служат со електронска пошта, четуваат, пишуваат твитови, пораки, користат паметни телефони и ставаат фотографии на Фејсбук, мора да се соочат со фактот дека по нивната смрт целиот тој електронски архив може да стане достапен до јавноста.

Facebook-Launch-Email-500

За неколку познати писатели и интелектуалци веќе е реалност таа депонија на дигиталниот ум, па на пример 17.198 емаилови на писателката Сусан Сонтаг се достапни на заинтересираните на компјутер во Спешл Колекшенс, библиотека на американската УКЛА.

Како што пишува Њујорк Тајмс, Сонтаг електронската пошта ја испраќала преку софтверската програма Вотс ап, а американскиот писател и поет критичар Бенџамин Мосер кој работи на биографијата на познатата писателка, смета дека архивираните емаилови можат да додадат елемент на писателската личност кога се пишува зе неговиот или нејзниот живот.

Со оглед на ограничениот временски период, веројатно дека историчарите ќе се фокусираат на јавните лица, како на пример Сонтаг, за да создадат еден вид на архива наместо да се концентрираат на секој електронски артефакт кој останал зад на пример Џон Смит од Анутаун во САД.

Но, писателите се обидуваат да фатат и забележат добар дел од мислите и чувствата на обичните луѓе. Така во архивите на американската Конгресна библиотека (The Library of Congress) може да се пронајде секој твит напишан и пратен во период од 2006 до 2010 година. А интернетските архиви се полни со информации и гласини кои брзо се шират, посебно во време на бројни револуции, побуни и немири во светот.

Фајненшел Тајмс пишува: – Според податоците зачувани на интернетските страници кои се однесуваат на периодот на Арапската пролет од 2011 година, се наоѓа и египетски сајт на кој се зачувани имињата на жртвите на насилствата како и фотографии од демонстрациите на Фликр и на ЈуТјуб. На интернет, меѓу другите, можат да се најдат и зачувани аматерски видео снимки на бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон, твитови и коментари кои следеле веднаш по него.

Архивирањето во овој случај може да придонесе за зацврстување на културолошките допирни точки… дури и тие кои можеби не сакаме да ги запамтиме.

И животот на обичните луѓе се почесто и поинтензивно се довива на компјутерите. Количината на податоците во паметните телефони е далеку поголема од таа која Сонтаг можела да ја замисли, иако умрела пред помалку од 10 години.

За сите тие кои веруваат во вредноста на историското истражување, хард дисковите, како тие зачувани во УКЛА, ќе станат место за токму такво истражување.

You May Also Like