ФИАФ филмска програма во Кинотека

Во Кинотеката на Македонија во тек е филмската програма по повод Конгресот на ФИАФ кој се одржува во Скопје, токму во организација на Кинотеката.

 

Kamera_Film_1

На денешниот репертоар се следниве наслови:

6 мај,

вторник

18.30

СО ГРЦИТЕ НА ЛИНИЈАТА НА ОГНОТ

Универзитет на Калифорнија, Лос Анџелес (UCLA)

Германија, блуреј/ Франција/ 1913/ црно-бел/ нем филм/ 80 мин.

режија: Роберт Швобталер

Реставрирана копија од 35мм-тинтирана нитратна филмска копија.

За време на Втората балканска војна (1913) германскиот синеаст Роберт

Швобталер добил дозвола од кралот Константин Први од Грција да ги снима

борбите. СО ГРЦИТЕ НА ЛИНИЈАТА НА ОГНОТ (познат и под својот германски

наслов СО КАМЕРА НА ФРОНТОТ) е ран долгометражен документарен филм кој

покажува како изгледала војната во XX век. Швобталер патувал преку преминот

Кресна со Грчката армија за време на летото 1913 г. снимајќи слики на војската

како се храни, се лечи од повреди и како ги погребува своите мртви.

6 мај,

вторник

20.00

НЕРВИ

Филмски музеј во Минхенски државен музеј, Минхен (Filmmuseum im Munchner

Stadtmuseum, Munchen )

блуреј/ Германија/ 1919/ црно-бел/ нем, боен, тониран/ 99 мин.

режија и сценарио: Роберт Рејнерт/ улоги: Едуард фон Винтерштајн,

Лија Боре, Ерна Морена, Паул Бендер, Лили Доминичи, Рио Елбон/

реконструкција: Филмски музеј во Минхен – супервизија: Стефан Дреслер/

музиката ја изведува: Јоаким Беренц

Во НЕРВИ, сценаристот-режисер-продуцент Роберт Рејнерт се обидува да

ја фати „епидемијата на невроза“ предизвикана од војната и мизеријата која ги

„полудува луѓето“. Овој оригинален портрет на животот во Германија во 1919 г.,

снимен на локации во Минхен, опишува случаи на различни луѓе од сите нивоа

на општеството: сопственикот на фабрика Рудолф кој полудува при средбата со

катастрофите и општествените превирања, учителот Јохан кој е херој на масите

и Марја, која станува радикален револуционер. Користејќи различни фрагменти,

Филмскиот музеј во Минхен можеше да го реконструира класичниот германски

филм кој е историски документ и веќе ги навестува елементите на експресионизмот

во филмот на дваесеттите.

НЕРВИ е одличен придонес кон нашето разбирање на филмската историја.

Значајно е што Рејнерт успева да постигне оригинален израз без користење

на сликаните сценографии на КАЛИГАРИ, но со оригиналното користење на други

филмски изрази.

6 мај,

вторник

21.40

ВТОРИОТ НОМЕВРИ

Албански централен државен филмски архив, Тирана (Arkivi Qendror

Shteteror I Filmit, Tirana)

блуреј/ Албанија/ 1982/ колор/ 92 мин.

режија: Виктор Ѓика/ улоги: Сандер Проси, Бујар Лако, Решат Арбана,

Виктор Жусти, Марио Ашику

Албанскиот централен државен филмски архив, Албанскиот филмски проект

и Колорлаб ја претставуваат реставрацијата на еден од најдобрите филмови во

Албанија. Филмот ја раскажува приказната за Декларацијата за независност

на Албанија на Исмаил Ќемал-беј, од Валона, од 28 ноември 1912 г. За време

на продукцијата на филмот Албанија влегува во еден од најмрачните периоди,

педесетгодишното марксистичко владеење. Режимот наложил да се отстрани

секвенцата која ја прикажувала конфронтацијата со соседите Срби. Оттогаш таа

секвенца е исчезната од Филмскиот архив и чека повторно да биде откриена.

6 мај,

вторник

23.10

РОВОВИТЕ ВО КИНЕМАТОГРАФИЈАТА

МаНДА, Будимпешта (MaNDA, Budapest)

ДКП/ Унгарија/ црно-бел/ нем/ 33 мин.

Документарните филмови на тема Првата светска војна и настаните поврзани

со неа можат да ни дадат јасна слика на тој период. И повеќе, филмските ролни

ги прават бесмртни личностите од унгарската историја, како кралот хабсбурговец

Карло Четвртиот од Унгарија, надвојвотката Августа или Иштван Тиса.

Меѓу документарните филмови кои се објавувани во филмскиот магазин

„Филмска недела“ има и филмови кои биле први во пропагандниот жанр: цртани

филмови (ЦРТАНИ ФИЛМОВИ ОД БОИШТЕТО).

МОЛЕБНА ПРОЦЕСИЈА ЗА ТРИУМФ НА НАШЕТО ОРУЖЈЕ прикажува процесија

со реликвии на св. Стефан пред парламентот и е направен по нарачка од градот

Будимпешта; во филмот ПРОШЕТКА КРАЈ БРЕГОТ НА ДУНАВ темата е брегот на

Дунав во 1915 г. според белешките на познатиот филмски историчар Андор Лајта;

ЖИВОТОТ ВО ВОЕНАТА БОЛНИЦА ЗИТА го прикажува хоророт на војната во

привремена воена болница направена за ранетите.

МОЛЕБНА ПРОЦЕСИЈА ЗА ТРИУМФ НА НАШЕТО ОРУЖЈЕ / 1915/ црно-бел/ 9

мин./ ЖИВОТОТ ВО ВОЕНАТА БОЛНИЦА ЗИТА/ 1915/ црно-бел/ 4 мин./ ЦРТАНИ

ФИЛМОВИ ОД БОИШТЕТО/ 1915/ црно-бел/ 6 мин./ СОБИРАЊЕ МИЛОСТИЊА НА

УЛИЦИТЕ НА БУДИМПЕШТА/ 1918/ црно-бел/ 3 мин./ КЕНЕРМЕЦО / 1915/ црно-бел/

2 мин./ ПРОШЕТКА КРАЈ БРЕГОТ НА ДУНАВ/ 1915/ црно-бел/ 2 мин.

You May Also Like