Во Музејот на Современа уметност во Скопје во петокот (1 март) беше отворена голема ретроспективна изложба на Ацо Станковски, еден од најреномираните современи македонски уметници. Во исто време беше промовирана и монографија посветена на неговото творештво.
Неговата ретроспективна изложба е импозантен колаж од 160 дела кои се создавани во бурниот период на интелектуалната и критичка перцепција на реалноста на авторот – истакна на отворањето на изложбата министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.
Исклучителната уметничка и историска вредност на делата на Станкоски е забележана и во монографијата чиј автор е Владимир Величкосвки. На нејзините страници се содржани релевантни поглавја од творечкиот пат на Станковски.
Опусот на Александар Станкоски е од исклучително значење за развојот на македонската ликовна уметност, бидејќи токму како автор, со својот индивидуален пристап и како една од клучните личности поврзани со формирањето и активноста на авангардната група „Зеро“, направи пресврт во македонското современо сликарство и отвори ново поглавје од неговиот развој.
Делата на Александар Станкоски се наоѓаат во повеќе национални и приватни галерии и музеи во Европа и во САД, како и во познатиот Музеј на модерната уметност Лудвиг во Виена.