Денеска (вторник, 29 јули) во 20:00 часот во големата сала од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во рамките на Прилепското културно лето, ќе се одржи класичен концерт на кој ќе настапат Емилија Кабранова Филипова на пијано и Кристина Палија сопран.
На програмата се дела од Рахмањинов, Чајковски, Дебиси, Пуланк, Каталини, Пучини, Верди, Гершвин.
Емилија Кабранова-Филипова, зпочнува да свири пијано на 8 годишна возраст најпрвин кај наставникот Камелија Кулакова,а потоа кај Даница Михајловиќ.Уште од мала возраст добитник е на бројни награди од Државни натпревари.Средното образование го продолжува во ДМБУЦ”И.Н.Луј” во Скопје во класата на проф.Кристина Ангеловска-Крагуевска,а дипломира во класата на проф.Стела Слејанска. обитничка е на прва награда на Мегународниот натпревар по пијано”Интерфест”-Битола,трета награда на Мегународниот натпревар “Ровере д’оро” во Сан Бартоломео Италија,прва награда на ,,Конкурс на полифонија,,. Посетила мастеркурсеви кај пијанистот Ахилес дел вин-Белгија,Андреј Диев-Русија,како и познатата летна школа во Варна под водство на Михаел Келер-Германија и учествува на ,,Варненско лето,,.Настапила со рецитали и камерно на манифестациите”Прилепско лето”,”Штипско лето”,”Денови на македонска музика”.Од 2005 год работи како проф.по пијано и пијано соработник во ДМУЦ”Тодор Скаловски-Тетоец”-Тетово и во ДМБУЦ”И.Н.Луј”и настапува со ученици на мегународни натпревари низ Србија-во Белград,Ниш,Пожаревац,Сремска Митровица.Пијано соработник е со хорот”Менада”со кој остварила бројни настапи низ Македонија,Албанија во Драч,Тирана итн.Од 2011 год.работи во ООМУ”Владимир Арсовски-Неготино.Со сопранот Кристина Палија остваруваат успешна соработка. Настапиле со самостојни концерти во Неготино на манифестацијата,,Топол културен бран,,во Кавадарци,Виница,Велес.
Кристина Палија – сопран, sредно стручно образование завршува во Средното музичко училиште во Штип на отсекот по соло-пеење кај проф. Александра Коцевска. Прв циклус на студии запишува на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на Факултетот за музичка уметност . Како солиден студент на отсекот по соло – пеење се истакнува уште во текот на првиот циклус на студии.Редовно учествува на концертите што се случуваат на Факултетот за музичка уметност.
Се појавува на неколку државни и меѓународни натпревари од кои во Македонија зема две награди со прво место и една награда со второ место.Исто така учествува и на меѓународниот натпревар по соло-пеење „ Лазар Јовановиќ“ во Белград, Р.Србија каде освојува второ место,а на меѓународниот натпревар по соло-пеење ,,АRSKOSOVA“ во Приштина – Косово ја освојува првата награда (99,99) .
Како солист редовно зема учевство на свечените концерти кои се случуваат со целиот ансамбал на Факултетот за музичка уметност со оркестарот на Македонската опера и балет и со оркестарот на Македонската Филхармонија. Дипломира на ФМУ во Скопје во класата на проф. Марија Муратовска – Наумовска . Магистрира на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на Факултетот за музичка уметност со највисока оцена на отскот по соло – пеење 10 (( COME LAUDE)) во класата на проф. Весна Ѓиновска – Илкова. Своето деби го доживува на сцената на Македонската опера и балет со улогата на Микаела во операта Кармен од Ж.Бизет под диригентската палка на маестро Доријан Вилсон – Германија.