Српскиот бенд МВП доаѓа на Пиволенд

Деветчлениот бенд од Србија чија музика ја опишуваат како микс од реге, хип хоп и блуз – МВП, периодов вредно работи на своја промоција и надвор од рамките на Балканот.

mvp

Тие потпишаа договор со мобилниот оператор „Теленор“ за промоција на нивниот нов албум во 182 земји, а од албумот „Устани“ веќе се издвојуваат неколку хит нумери, а песната „Милион милја“ си доби и свој видеозапис во кој се појавуваат глумците од популарниот филм „Монтевидео“.

Фронтменот Бане Лалиќ најавува промоција на албумот на фестивалот „Пиволенд“ кој ќе се одржи од 20-24 август на Скопското Кале во Скопје, но и добра журка на веќе мегапопуларните „Целу ноч и цели дан“ „Идемо горе“, „Волим кад те волим“ итн.

You May Also Like