Илина Арсова пред споменикот на Мурато на Монт Еверест

Илина Арсова, Македонката која го освои врвот на светот Монт Еверест, при спуштањето се фотографира до спомен обележјето посветено на Димитар Илиевски – Мурато, првиот Македонец кој го освои овој врв во 1989 година, но при спуштањето го загуби животот.

Арсова за Монт Еверест се подготвуваше долго време, но експедицијата „Прва македонка на Монт Еверест” три години се одложуваше заради недостиг од финансиски средства.Неодамна таа беше поддржана и од Агенцијата за млади и спорт, а беа организирани и неколку изложби со нејзини и дела од многу македонски уметници.

Илина е ликовен уметник, а љубовта кон планинарењето ја стекнала како дете на падините на Водно.

 

You May Also Like