Хуманитарна акција „Дарувај книга-дарувај пријател“

Здружението „Хуманост без граници“ – тимот на „Донации“ и Клубот „Матица” се мобилизираат во урбана мисија, да го разбудат Скопје.Заедно oрганизираат урбана собирна акција на книги. Повикот е отворен за сите граѓани кои сакаат да ги разубават осамените денови на старите лица, кои се сместени во домот за стари лица “Мери Терзиева”.

stack-of-books

 

Организаторите на настанот„Дарувај книга-дарувај пријател“ информираат: „Сите имаме дома некои книги кои веќе сме ги прочитале. Некаде во некои кутии на таванот, или пак фаќаат прашина на полиците. Ајде да ги направиме ДОБРО ДЕЛО.
Секоја книга е вредна и секоја има свој читател. Немојте да сметате дека некои книги не се вредни за донирање. Едноставно-спакувајте ги и донесете ги. Aко сте и екстремно настроени за љубов, напишете и посвета за некој да се издрадува некој уште повеќе.

Ние ќе ве пречекаме пред Спомен Куќата на Мајка Тереза, во сабота, 17 мај, од 12;00 до 15:00 часот, и потоа-ќе ги предадеме на домот за стари лица “Мери Терзиева” . И сите заедно- ќе направиме ДОБРО ДЕЛО.

Деновите од третата доба од животот многу често знаат да бидат осамени. Има денови кога сите забораваат на постарите луѓе….Да ги збогатиме нивните денови со убавина, со топли зборови, да ги збогатиме со книги, многу често нивниот најдобар пријател…

***”Дарувај книга-дарувај пријател” e дел од проектот “Скопје се буди” кој на територијата на Град Скопје го спроведува Здружението “Хуманост без Граници”. Истиот се реализира преку повеќе урбани собирни акции за социјални семејства и различни институции, кои имаат потреба од средствата кои се предмет на урбаните собирни акции.
Целта е една- ДА ЈА РАЗБУДИМЕ ХУМАНОСТА НА СКОПЈАНИ. Ајде сите да го правиме тоа!

You May Also Like