На годинaшното издание на фестивалот Балкански Музички Плоштад 2012, на концертот на Миле Кузмановски, како специјален гостин ќе се појави моментално најпопуларниот македонски машки вокал Ламбе Алабаковски. Фолк ѕвездата Миле Кузмановски заедно со Ламбе ќе испеат неколку песни.
Фестивалот Балкански Музички Плоштад 2012 (Balkan Music Square) ќе се одржи на 10 и 11 aвгуст во Античкиот театар во Охрид со почеток во 21:30 часот. Покрај Миле Кузмановски на 11-ти aвгуст ќе настапи Марио Моита од Португалија, а на 10 aвгуст ќе настапат групата „2Late“ од Полска и групата „Balkan Colla“ од Грција. Влезот за двете фестивалски вечери е слободен!