Во претставата се зборува за животните фази од раѓањето па до доцни години, а текстот прикажува разни стереотипи за Црногорците.
На 11-ти ноември (вторник) со почеток во 20:00 часот во Универзална Сала – Скопје гостува урнебесната комедија „Црногорец во кревет“, која според посетеноста на претставите важи за најгледаната претстава во Регионот, претстава која ги обиколи сите бивши ЈУ републики.
Претставата „Црногорец во кревет“ по својот жанр е урнебесна комедија која се занимава со црногорските обичаи, со сите маани и доблести на црногорскиот човек и е сработена на многу духовит и хумористочен начин. Таа не содржи никакви политички, верски и национални елементи, во неа нема ниту навреди, ниту говор на омраза и единствена цел и е да ги расположи и насмее посетителите од сите возрасти.
Во претставата се зборува за животните фази од раѓањето па до доцни години, а текстот прикажува разни стереотипи за Црногорците. Ако нешто како што е смеењето, недостасува во животите кои ги живееме, тоа во оваа претстава е загарантирано и тоа полни два часа. Претставата ќе има само една изведба во Скопје и нема да има репризи до крајот на годината.