„Феникс“ во својата едиција „Џебна книга“ ги објави зен приказните „Да најдеш дијамант на каллив пат“, подготвена од Христо Петрески, проучувач и познавач на јапонските книжевни традиции.
– Во овој избор на зен приказни акцент е ставен врз праксата на негувањето на умот, зашто Зен е школа за пробудување и промислување на конечната вистина и соочување со вистинската природа. Зенот е школа за медитација, а пред се, школа која ја пренесува живата мудрост на просветлувањето. Мајсторите на Зенот на своите ученици им даваат умни загатки богати со логични апсурди, кои во мигот на решавањето ги доведуваат до духовниот квантен скок, односно таканаречениот Коан – информира издавачот за новата книга.