Иконите од селото Модрич ќе бидат складирани во музејските депоа

Со налог од Владата од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во струшкото село Модрич одземени се 27 вредни икони, кои ќе бидат складирани во музејските деопа.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Модрич е возобновена во 1894 година на темелите од стариот манастир во селото. Православните христијански храмови во охридско-струшкиот регион во текот на изминатите неколку години се честа мета на разбојници, поради што беа организирани серија средби помеѓу претставници од МПЦ, полицијата, музеите и од црковните одбори, со цел да се изнајде начин за заштита на вредното културно-историско наследство.

You May Also Like