Ќе се реконструира стариот конак на манастирот Свети Никола во Љубанци

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска (недела, 16 февруари) во 11 часот ќе го посети манастирот Свети Никола во село Љубанци, сместен на падините на Скопска Црна Гора.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Годинава со средства на Министерството за култура предвидена е конзервација и реставрација на стариот конак во овој манастир, кој поради својата вредност е споменик на културата заштитен со закон.

Во рамките на посетата, министерката за култура ќе биде придружувана од пратеникот во Собранието на РМ, Диме Маџовски, градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски, како и од директорката на надлежната установа Конзерваторски центар – Скопје, Ема Петрова.

You May Also Like