Скопското средно училиште „Лазар Танев“ со европско злато

Денеска во Средното училиште на Град Скопје „Лазар Танев“ се одржа прес – конференција по повод неодамнешниот меѓународниот успех на училиштето, односно освоеното прво место во дисциплината туристички дестинации во Хаг (Холандија), во конкуренција на 450 училишта членки на АЕХТ (Европска асоцијација на хотелско – туристички училишта), од над 40 земји од Европа. Првото место го освои матурантот Војкан Здравковиќ.

– Минатиот месец ученици од нашето училиште учествуваа на меѓународен натпревар во Хаг, Холандија, каде што златен медал освои Војкан Здравковиќ. Нашето училиште го презеде и знамето на АЕХТ за организација на 25-тата Годишна конференција и натпревари следната 2012 година, на којашто се очекува од 8 до 13 октомври во Македонија (во Охрид и во Скопје) да присуствуваат од 700 до 1000 ученици, професори и директори од 450 европски училишта, изјави Зоран Николовски, директор на СУГС „ Лазар Танев“.

Ова е второ прво место освоено на меѓународен натпревар на ученик од ова средно училиште, односно пред неколку месеци прво место во Италија освои Емилија Николовска.

На прес-конференцијата присуствуваше и Секретарот на Град Скопје, Гордана Клинчарова, и ја искажа својата гордост за добиените наградии постигнати успеси на учениците, но и поддршката на Град Скопје, како надлежна институција, на сите натамошни активности на средните училишта.

You May Also Like