Изложба на Зени Балажи во Мала станица

На изложбата Зени Балажи ќе се претстави со 7 инсталации кои по својата стилска определба припаѓаат во мултимедијалниот или интердисциплинарниот ликовен дискурс.

 

zeni_balazzi_ instalacion

Изложбата на Балажи ќе биде отворена во Мала станица денеска (17 октомври 2014 година, петок) во 19:30 часот .

Изложбата ја сочинуваат разновидните искуства на современата уметност како што се: сликарство, видео-инсталација и прeзeнтaциja нa сите нови мултимедијални техники на визуелната уметност. Во овој состав се опфатени новите културни и уметнички наследства, унапредувани во современа, модерна креација и визуeлнa тeхникa.
Зени Балажи е професор по Концептуална уметност на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, реализирал повеќе изложби во Европа, изработил сценографии за повеќе од 10 филмови, стотици дизајни итн…

You May Also Like