Изложба „Хрватски Велигден“ во Музеј на Македонија

Изложба „Хрватски Велигден“, во Музејот на Македонија, утре (четврток, 12 април 2012) со почеток во 12:00 часот. Изложбата е резултат на долгогодишната соработка со Етнографскиот музеј во Загреб.

Автор на концепцијата на изложбата е Јосип Барлек, виш кустос Етнографскиот музеј во Загреб. Комесар на изложбата од страна на Музејот на Македонија е м-р Владимир Боцев, кустос-советник.

 

„Постојат сличности во одбележувањето на овој празник помеѓу нашите два пријателски народи, но постојат и одредени разлики. Нашите две држави, иако мали, се одликуваат со исклучително богата културна традиција и на одреден начин ја збогатуваат целовитоста на европската култура“, вели авторот Барлек.

Велигденските празнувања во Хрватска започнуваат со велигденскиот пост, кој ја одразува духовната преобразба што се одвива се до Големата Недела. На самото Велигденско утро прославата започнува со големи огнови и со носење на осветената храна во домот. Кулминација на славењето е обичајот „Писаница“ – шарено велигденско јајце.

You May Also Like