Утре вечер, (петок, 13 април), во кино салата на Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде прикажан краткиот анимиран филм „Народен фронт 12“ во режија на Иван Ивановски.
„Народен фронт 12“ е 10 (десет) минутен анимиран филм кој го отсликува современото општество преку испреплетени приказни, симболи и алегории присутни во и околу зградата со број 12.
Фимот е изработен во техника на стоп-анимација и се реализираше во периодот од септември, 2010 година до март, 2012 годна. Покрај премиерното прикажување на „Народен фронт 12“ публиката ќе може да проследи уште 4 (четири) кратки анимирани филмови во режија на Ивановски и тоа: Внатре (2009), Шајкање (2008), Избледување (2008) и Влажен сон (2007).
„Народен фронт 12“ е во продукција на ТРИС Филмс, и се реализираше со финансиска поддршка од страна на Филмскиот фонд на Македонија.