Во рамки на манифестацијата „Меѓународни денови на Општина Центар“ денес 6.10.2012 (сабота) со почеток од 19:00 часот во Музеј на Македонија ќе биде отворена изложбата „Стари мапи на Македонија (ХV- XX век).
Македонија е земја со исклучително богато културно – историско минато, а притоа и крстопат и место на средби на големи и различни култури и цивилизации, од секогаш им била интересна на картографите, од Птоломеј и авторот на прочуената Појтингериана, па преку Министер, Меркатор Блае до Лапи и подоцнежните современи автори. Нејзината илјадници години стара приказна овде е раскажана со јазикот на старите мапи кои сугестивно сведочат за долгото постоење на еден несекојдневен, препознатлив цивилизациски микрокосмос, и во минатото и денес опфатен со едно единствено име- Македонија.
Главен организатор на изложбата e општина Центар, а коорганизатори се Археолошкиот музеј на Истра од Пула и Музеј на Македонија.
Изложбата ќе биде отворена за посетителите од 6 до 31 октомври.