Детскиот културен центар „Карпош” и оваа година традиционално ја организира манифестацијата УЧИЛИШНА КВИЗОТЕКА 2013/2014.
Суперфиналето, натпреварот помеѓу четирите најдобри основни училишта ќе се одржи во просториите на ДКЦ „Карпош“, денеска (23април, среда), со почеток во 12:00 часот.
Оваа манифестација е една од најзначајните за децата од основните училишта од Скопје и од околината, затоа што претставува воедно и натпревар во знаење, но и дружење и забава.