Во Скопје, од 16 до 18 мај, за прв пат ќе се одржи студентска конференција на тема „Енергетска ефикасност и одржлив развој“. Конференцијата е организирана под покровителство на Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје (ФЕИТ), во соработка со интернационалната студентска организација ИАЕСТЕ Македонија.
Идејата на оваа конференција е на едно место да ги обедини стуеднтите, пред се, професориите и компаниите кои се занимаваат со проблематиката на енергетската ефикасност и одржливиот развој, со цел да се претстави работата на истите и да се овозможи научно-истражувачка работа во оваа област.
Станува збор за иницијатива на самите студенти за организирање на конференција од ваков тип, што укажува на желбата и потребата на студентите да се организираат повеќе конференции и настани од сличен карактер на кои ќе можат и самите да земат учество и да се претстават со сопствен труд. Токму една од главните цели на оваа конференција е поттикнување на интересот кај младите за научно-истражувачка работа.
Од тие причини, би ценеле, доколку со објавување на веста која ви ја праќам во прилог на Вашата страна учествувате во промоција на конференцијата помеѓу студентите. Исто така отворени сме за соработка, па доколку имате идеи како на друг начин би се вклучиле во организација на конференцијата, слободно исконтактирајте не.