„Нема повеќе волци во Англија / Не постојат повеќе гривести волци, Агуара –Гуазу во Уругвај“ од авторите Енрике Бадаро Надал и Алехандро Турел од Монтевидео, Уругвај ќе биде отворена утре (среда 20 јуни) во 20 часот во Музејот на град Скопје.
Изложбата на двајцата ликовни уметници од Јужноамериканскиот континент претставува мултумедијална поставка од слики , фотографии и скулптури. Содржината на делата е современа приказна, поттикната од постмодернистичките концепти во деконструкцијата. Енрике Бадаро Надал и Алехандро Турел се афирмирани ликовни уметници во Америка и Европа. Обајцата работат како кустоси и советници за култура и уметност во градската управа на градот Монтевидео, град кој заедно со Буенос Аирес и Рио Де Жанеиро, е центар на културно-уметничкиот живот во Јужна Америка.
Изложба ја организира Музејот на град Скопје во соработка со здружението на граѓани „Македонида“ од Скопје. Куратор е Панче Велков, претседател на „Македонида“, а координатор на проектот е Љубица Саздова-Кондијанова, Директор на Музејот на град Скопје. Проектот е поддржан од: градската управа на градот Монтевидео, со директно покровителство на градоначалникот на Монтевидео, Ана Оливиера, организацијата „Македонида“, Музејот на град Скопје, град Скопје и Францускиот институт во Скопје. Изложбата „Нема повеќе волци во Англија….“ е прва соработка помеѓу „Македонида“ и Уругвај.