Денеска (петок, 9 ноември, 2012 година) во Домот на АРМ во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата „Византиски човек“ од Костадин Геровски.
Настанот ќе биде отворен со стихови од авторот Геровски со музичка придружба на етно-соствот „Китка“. Стихови ќе читаат Хе Меја, Ема Радончиќ, Марија Аргировска
Но, кој е византискиот човек? Која е Византија? А кој сум јас?
Византискиот Човек е сушта спротивност на западниот.
Тој го бира цвеќето пред војната.
Етиката пред естетиката.
Душата пред егото.
Небото пред земјата.
Невидливото пред видливото.
Идеајата пред материјата.
Молкот пред мудрувањето.
Начитан со Хомер и Аристотел, тој е
истовремено емотивно продуховен!
Тој е модерниот македонец кој страда во своите
егзистенцијални и идентитетски проблеми.
Тој е на средето меѓу античкиот и словенскиот македонец!
Византија е нашата вистинска онтолошка и културолошка матрица!
Костадин Героски (1988), се бави и со пишување и објавување проза. Тој го создал овој циклус слики како аналоген на неговата проза со цел истиот да му послужи за нејзино идејно надополнување и дообликување. Ова му е прва ликовна, а и самостојна изложба.