Изложба „In-out energy, in-out illumnation“ во Кинотека

Во вторник (13 ноември, 2012) во Кинотеката на Македонја во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата „In-out energy, in-out illumnation“ на Благојче Наумоски Бане.

Благојче Наумоски, е роден на 02.04.1985 година во Кичево. Дипломира во 2007 година на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” Скопје, педагошки отсег насока сликарство во класата на проф.Рубин Корубин. Во 2007 година се запишува на постдипломски студии во класата на проф.Вељо Ташовски, насока сликарство, каде што во 2009 година магистрира кај проф.Јован Шумковски. Од 2007 година е член на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ). Во 2009 година станува член на групата Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т и активно учествува во сите негови проекти. Исто така има учествувано и на неколку групни изложби во странство како и на домашни колонии. Има реализирано девет самостојни и повеќе групни изложби.

You May Also Like