Новиот „Стожер“ посветен на струшкиот лауреат Ко Ун

Осврт за творештвото на годинашниот добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, корејскиот поет Ко Ун зазема централно место во содржините на новиот, 118-ти број на книжевната ревија „Стожер“, издание на Друштвото на писателите на Македонија.

ko_jun_svp_zlaten_venec

Како што соопшти ДПМ, прилогот е најава за прогласувањето на Ко Ун за почесен член на Друштвото, за време на одржувањето на поетскиот портрет закажан за 26 август во домот на македонските писатели во Скопје. Со посебни прилози „Стожер“ ги одбележува и 85-годишнината од раѓањето на Гане Тодоровски и 80-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски, автори кои со своето богато и значајно дело и со долгогодишното членување во ДПМ оставија длабоки траги во осмислувањето и дејствувањето на македонската писателска асоцијација. Со прозни, поетски и критичко-есеистички текстови во новиот број на „Стожер“, меѓу другите, се застапени и Видое Видически, Борче Панов, Венко Андоновски, Братислав Ташковски, Владимир Мартиновски, Александар Кујунџиски, Делвина Керлуку, Игор Крајчев, Илија Велев и Соња Стојменска Елзесер.

You May Also Like