Уметницата Христина Иваноска ја отвора својата најнова самостојна изложба насловена La Mystérique (патот кон милостa), денеска (среда, 7 мај, 2014 год.) во 20:00 часот во SIA (Serious Interests Agency) галеријата во Скопје (ул. Ѓорѓи Пешков бр. 6, први кат).
Изложбата ќе биде дел од третото по ред издание на симпозиумот Кураторски размени 3: Курирање општество и продукција на моќ. Куратор на изложбата и програмата на симпозиумот е Јане Чаловски. Изложбата е организирана од Проектен простор Прес ту егзит и е дел од годишната изложбена програма на Serious Interests Agency.