Изложба на графики и скулптури од Дали

Изложбата Салвадор Дали – графики и скулптури, ќе се отвори на 7 мај (среда), во галеријата Остен, со почеток во 20:20 часот. Овој уметнички настан е во рамки на одбележувањето на Денот на Европа, но и по повод 25-годишнината од смртта на големиот шпански уметник.

dali_grafiki_i_skulpturi

На изложбата Остен ќе презентира дел од својата колекција, која го има потписот на Дали. Конкретно, македонската јавноста ќе има можност да види 14 графики, еден цртеж и две скулптури изработени од сестраниот мајстор – сликар, скулптор, графичар и дизајнер, чија извонредност, креативност и ексцентричност секогаш ќе претставува репер за уметноста на 20 век.

Изложбата, која за посетителите ќе биде отворена до 27 мај (од 10 до 17 часот секој работед ден и од 10 до 13 часот во сабота), е во организација на

Остен уметност на хартија, а во соработка со Делегацијата на Европската унија, Општина Центар и Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје.

You May Also Like