Кенго Кума добитник на наградата за животно дело за архитектура

Во саботата (13 октомври, 2012 година) во Македонската Опера и Балет,  се одржа предавањето на светски познатиот архитект проф. Кенго Кума во рамките на Скопската Недела на Архитектура 2012.

Пред повеќе од 300 гости, јапонскиот архитект и професор Кенго Кума, одржа предавање за работата на неговото биро и ги претстави сите поважни проекти работени ширум светот.

Веднаш после предавањето, организаторите на настанот, Оливер Илиевски, Нина Карангелеска, Максим Наумовски, Иван Мирковски и Марта Зафировска, му ја врачија наградата за животно дело во архитектурата. Тие изјавија дека неговото доаѓање е од особена вредност, како за настанот така и за сите студенти и млади луѓе.

Доделувањето на наградата беше во организација на организаторите на Скопската Недела на Архитекура и Јапонската културна фондација во Виена.

Оливер Илиевски ја претстави изложбата “Кенго Кума: одбрани проекти” и официјално ја прогласи за отворена.
#

You May Also Like