Дваесетте фотографии се извонреден пример за тоа како човек може уметнички – креативно и имагинарно – критички да се однесува со еден национален симбол – националното знаме на Германија. Изложбата „Моќта на боите“ што ќе биде отворена утре (среда, 16 мај) од 19:00 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.
На проектот „Моќта на боите“ му успева да проговори на разигран, но и критички начин за националниот симбол на Германија. Во време кога СР Германија е само нешто постара од 60 години, а падот на Берлинскиот ѕид е оддалечен само 23 години, овој симбол е извор на креативен импулс за рефлексија и дискусија.
„Моќта на боите – Проектното биро за црно – црвено – златни работи“ беше основано 2009 година од креативниот директорот и развивач на проектот Роберт Ајзолт. Притоа тој ги повика дизајнерите и уметниците ширум светот содржински и ликовно да се соочуваат со црно – црвено- златното знаме, обликувајќи го преку својата уметничка творба сопствениот став кон Германија. Освен тоа, протагонистите се портретираат со германското знаме. Широкиот спектар од објекти и фотографии со соодветни текстови отсликува како скепса, така и водушевување, репрезентирајќи низа ставови и мислења за Германија.
Во проектот учествуваа и учениците од ЕСМОД – модното училиште од Берлин. Врз основа на своите лични размислувања за Германија, тие изработија облека и други предмети од оригиналниот материјал на знамето.
Изложбата „Моќта на боите“ досега беше претставена во Шангај, Пекинг, Техеран, Џакарта, Скопје, Атина, Берлин. Отворањето на изложбата во Прилеп е во соработка со Амбасадата на Германија во Македoнија.