Стрип книжарницата „Бункер“ добитник на наградата „Љупчо Филипов“

Единствената специјализирана продавница за стрипови во Македонија, сопственост на браќата Владимир и Јован Битољану ,е овогодинешен добитник на Признанието за развој и афирмација на стрипот во Македонија , именувано според прерано починатиот доајен Љупчо Филипов.

strip_prodavnica_bunker

Доделувањето на ова признание е составен дел од активностите во склоп на традиционалниот меѓународен стрип салон ,којшто се одржува во средината на октомври во Велес.

Стрип центарот на Македонија-Велес како организатор на целокупната манифестација,ова признание го наменува за заслужни домашни дејци за развојот и афирмацијата на 9та уметност кај нас.Досегашни добитници на ова признание се :Миле Топуз-автор, Диме Иванов-Димано автор, Александар Сотировски- автор,, Ване Трајков- промотер, поранешната групација „Тајфа Арт“-млади автори и промотери, Томислав Османли,-сценарист и хроничар, Дарко Марковиќ – автор, Киро Донев-долгогодишен уредник на списанието „НАШ СВЕТ, редакцијата „Детска радост“ за своите сегашни и поранешни стрип изданија и Оливер Ромевски –стрип сценарист и промотер .

Просторот којшто се наоѓа во Скопје , во кулите спроти „РАМСТОР“ за неполни 3 години стана култно збиралиште на љубителите на стрипот,пасионирани читачи, автори и колекционери. Се располага со повеќе од 5.000 изданија, претежно од балканските простори,македонските автори и изданија се достојно застапени (започнаа да се организираат и нивни промоции), а нереализирана идеја е отворање на антикварниот оддел за стари стрипови.

Освен доделување на ова Годишно признание Стрип центар на Македонија со седиште во Велес продолжува со успешните подготовки и на другите сегменти на овогодинешниот 12ти по ред Стрип салон . Според кажување на организациониот тим ,во моментов се дефинира финансиската конструкција, се вршат контакти со потенцијални странски и домашни гости, а доста успешно тече мегународниот стрип конкурс (повеќе на веб страницата www.comicscenter.mk)

You May Also Like