Пет македонски писателки во Зборникот на млади од некогашна Југославија

На овогодинешното триесет и седмо издание на реномираниот литературен фестивал РУКОПИСИ, кој го издава традиционалниот Зборник на поезија и на кратка проза на младите од просторите на поранешна Југославија како учесници од Република Македонија се избрани авторките: Анета Попова, Афродита Николова, Симона Локвенец, Ивана Карова и Ана Нешовска.

Dom-omladine-Pancevo_logo

Зборник на поезија и на кратка проза на младите од просторите на поранешна Југославија го издава Домот на младите од Панчево, а во него се застапени творби на автори на возараст од 15-30 години.

Фестивалот ќе се одржи на 30. – 31. 5. 2014 година во Панчево, Република Србија

You May Also Like